Прославен патрoниот празник на Струмичката катедрала

Прославен патрoниот празник на Струмичката катедрала

На 28 август 2023 година, на патрониот празник Успение на Пресвета Богородица на Струмичката катедрала, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов служеше Архиерејска света божествена Литургија во заедништво со свештеници од Струмичко – скопската епархија и Скопска бискупија. Воедно со светата Литургија беше прославен и 50 годишниот свештенички јубилеј на о. Георге Трајков, поранешен катедрален парох.

Во својата пропоповед за празникот Успение на Пресвета Богородица епископот Стојанов истакна дека Мајката Божја е вознесена со телото и душата во Божјата слава и дека Божјата логика е различна од нашата нагласувајќи дека Богородица влезе со целото свое битие во Божјата логика, па така така служењето станува царување, умирањето раѓање на нов живот, рече епископот Стојанов и додаде: „Празникот Успение на Пресвета Богородица е шанса и ние да бидеме во Божјата слава со тело и душа, да го гледаме Бога лице в лице. Марија страдаше во телото и душата. Мечот на болката го прободе нејзиното срце под крстот. Но, сега ужива во славата“.

Понатаму епископот Стојанов истакна дека со празнувањето на Голема Богородица, ја славиме победата на животот над смртта, го славиме празнувањето на човекот со душа и тело. Нашиот крај не е гробот, туку животот во Бога, а Марија ни го покажа патот: служење, прифаќање на Божјиот план, одговор на Божјата понуда. Да одиме по нејзиниот пат, патот на верата, по кој чекореше Блажена Дева Марија – рече владиката Стојанов.

На крајот од свеченоста епископот Стојанов ги благослови лебовите и заедничкото агапе. За време на светата Литургија пееше катедралниот хор.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот