Прославен патрониот празник на црквата во Чанаклија

Со Светата архиерејска Литургија предводена од Н.В.П д-р Киро Стојанов, во заедништво со свештеници од Апостолскиот Егзархат и со присуство на голем број верници во среда 06 мај 2015 година беше прославен патрониот празник на црквата во Чанаклија посветена на свети Георги Победоносец.

Епископот Стојанов во својата проповед зборувајќи за  делото на свети Георги, го посочи како пример и охрабрување за нас христијаните.

Покрај присутните од филијала имаше и верници од други парохии.

Оваа света Литургија беше пренесувана на Радио Марија, така што и многу верници кои беа дома или во странство имаа можност заедно да молат со присутните во црквата.

По завршувањето на светата Литургија во дворот на црквата од страна на верниците беше организирано освежување и дружење.

к.мк/о.С.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот