Прославен патрониот празник на Струмичката катедрала

Прославен патрониот празник на Струмичката катедрала

На 28 август 2021 година, на патрониот празник Успение на Пресвета Богородица на катедралата во Струмица, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов служеше света Архиерејска Литургија на која сослужуваа деканот и парох во Радово о. д-р Зоран И. Стојанов, катедралниот парох о. Георги Трајков, како и свештениците о. Гоце Костов и о. Атанас Сирачев од парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица.

Владиката Стојанов поздравувајќи ги присутните, го честита патрониот празник на парохијата и епархијата, при што рече: Драги браќа и сестри, денес на овој голем празник „Успение на Пресвета Богородица“ на кого е посветена оваа наша катедрала и под чија заштита се наоѓа оваа наша парохиска заедница и целата наша Струмичко – скопска епархија „Успение на Пресвета Богородица“, молиме Пресвета Дева Марија да нѐ научи да веруваме во Божјото Слово и тогаш кога тоа Слово сече како остар меч или смирува како тивок ветрец. Во верноста на Божјото Слово нека ни измоли сила да пронајдеме време својата работа да ја усогласиме со молитвата и на тој начин да го наследиме Исусовото ветување: „Блажени се оние што го слушаат словото Божјо и го пазат.”

По завршувањето на светата Литургија епископот Стојанов ги благослови лебовите и агапето подготвено од црковниот одбор и волонтери.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот