Прославен патрониот празник во Чанаклија

По повод патрониот празник свети великомаченик Георги, во Чанаклија, Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски Бискуп и Апостолски Егзарх во Македонија ја предводеше Светата Архиерејска Литургија со присуство на свештеници од Апостолскиот егзрхат во Македонија.

Во проповедта, Владиката ги охрабри во верата бројните домашни верници и оние кои дојдоа од околните парохии.

Парохот о. Спасо Ристов не го криеше задоволството од присутноста на верниците и покрај тоа што денот е работен. Поздравувајќи ги присутните, Му се заблагодари на Бога за денешниот ден, на Владиката за грижата што ја искажува за своето стадо, на свештениците за братската почит, на верниците за достоинството. Посебно му се заблагодари на г-дин Ване Стојанов, градоначалник на општина Василево за присутноста и за успешната досегашна соработка. По многулетството следеше искрено дружење и срдечно поздравување со Н.В.П. д-р Киро Стојанов, свештениците и сите присутни. Честит празник и именден на сите славеници!

(о.С.Р.)

Категорија: Македонија

За авторот