Провокација: Слободен абортус – и за Марија! Еве што одговорил свештеникот

Провокација: Слободен абортус – и за Марија! Еве што одговорил свештеникот

Откако анонимен сторител на влезот од парохиската куќа „Свети архангел Михаил и света Рита“ во Милано остави непримерен и навредлив натпис „Слободен абортус – и за Марија“ следува одговор од парохот дон Андре Белоа, кој го „запали“ фејсбук. Еве што одговори свештеникот:

Драги анонимен графитер,

Жал ми е што не знаеш да го следиш примерот на својата мајка. Таа била храбра. Те зачнала, те износила во бременоста и те родила. Можела да те абортира, но не го направила тоа. Те чувала, хранела, перела и облекувала, поради што денес имаш живот и слобода. Слободата која ја користиш за да кажеш дека луѓе како тебе не би требало да бидат на овој свет. Жал ми е, но не се согласувам со тоа. Се восхитувам на твојата мајка и нејзината храброст. Таа, како и секоја храбра мајка е горда на тебе, дури и ако се однесуваш грозно, затоа што знае дека во тебе има добрина која само треба да излезе на виделина.

Абортусот е „бесмисленост“. Тој е смрт кој го победува животот. Тој е страв кој го победува срцето кое штотука сака да се бори и да живее, а не да умре. Тоа значи да се бира кој смее да живее, а кој не, како да станува збор за некое едноставно право. Тоа е идеологија која го победува човештвото, сакајќи да му ја одземе надежта. Секоја надеж. Се восхитувам на оние жени кои и покрај бројните тешкотии имаат храброст да одат напред. Очигледно ти ја немаш таа храброст.

Гледам дека сакаш да бидеш анонимен. Кога сме веќе тука, би сакал да ти кажам дека во нашата населба веќе имаме доволно проблеми и не ни се потребни луѓе кои уништуваат влезови и го рушат она малку добро што останало. Сакаш да се покажеш дека си храбар? Тогаш направи го светот подобар, наместо да го уништуваш. Љуби, наместо да мразиш. Помогни му на оној кој страда така што ќе ги поделиш со него болките. Подари живот наместо да го одземаш. Тоа се вистинските храбри луѓе! За среќа нашата населба која ја уништуваш, сепак е преполна со вистински јунаци кои знаат да љубат, па дури и тебе, кој не знаеш што пишуваш.

Јас ќе се потпишам

дон Андре

Битно нет/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот