Пријателски натпревар во чест на папата Фрањо

Рим, 9.4.2013 /к.мк/ – Италијанската фудбалска федерација и официјално ја покани фудбалската репрезентација на Аргентина на пријателски фудбалски натпревар во чест на папата Фрањо. Натпреварот треба да се одигра на 14 август и е идеја на Чезаре Прандели, селектор на италијанската фудбалска репрезентација. Аргентинската фудбалска федерација реагираше позитивно на поканата, но сепак деталите ќе бидат дополнително објавени. Фудбалерите се надеваат дека пред натпреварот ќе бидат примени од папата Фрањо, по што со заеднички автобус ќе се упатат на Олимпискиот стадион во Рим за да го одиграт натпреварот во чест на папата Фрањо.

Категорија: Свет

За авторот

Write a Comment

<