Преку Твитер порака Папата пак ја осуди трговијата со луѓе
Трговија со луѓе и органи, присилена работа и проституција се злодела против човештвото. На Меѓународниот ден на сеќавање на трговијата со робови и на нејзиното укинување, во твитер пораката Папата пак ја осудува појавата со сите ужасни околности, а тоа повеќе пати го направи од почетокот на своето папство.
Злосторствата против човештвото, Светиот Отец ги нарекува злодела кои го хранат пазарот со човечко месо, на било која возраст и на сите географски ширини, само нека се профитабилни. Повеќе отколку осуда, неговата твитер порака е објавена на 23 август 2016 година, и претставува тивок глас против она што уште еднаш, прегрнувајќи некои жртви во текот на „Петок на милосрде“, на 12 август, ги нарече „рана во телото на современото човештво, рана во телото на Христос“.
Говорејќи на конфернецијата на таа тема, организирана во јуни во Ватикан, Папата најпрво се обрати на присутните судии кажувајќи им правдата да оди по својот тек, слободна од притисокот кој, исто така, условува да се казнат и прогонат старите и новите ропства како многу големи злосторства, што и навистина се.
Црквата, исто така, треба да се вклучи во „големата политика“, која се однесува на важните теми на човечкиот живот и да допринесе во општеството да се создаде „попречно движење“, брановиден, од периферијата кон средината и обратно, да ја растресе совеста, жртвата, исто така, и нив, за глобализацијата на рамнодушноста која не поттикнува гнев ниту смилување пред ужасното: девојката да биде присилена да се продава или некое момче кој е земен како магацин со органи за продажба на најдобриот понудувач.
РВ/к.мк