Кардиналот Паролин: Горди сме на сведоштвото на католиците во Кина

Кардиналот Паролин: Горди сме на сведоштвото на католиците во Кина

Државниот секретар на Светиот Престол кардинал Пиетро Паролин во разговор за весникот La Voce del Nordest се осврна на некои актуелни прашања како односот на Ватикан и Кина и закрепнувањето на папата Фрањо по операцијата.

Кардинал Паролин рече дека Светиот Престол и Кина постојано се во процес на дијалог, потсетувајќи на меѓусебниот договор потпишан во 2018 година и продолжен во 2020 за уште две години. Рече дека пандемијата имала влијание и на тоа подрачје па изрази надеж дека „што порано ќе може да се продолжи со состаноците и да се решат многу други прашања кои се на маса, а се однесуваат на животот на Црквата во Кина.“

На католиците во Кина државниот секретар им изрази молитвена близина, но исто така изрази восих кон нив. „Горди сме на сведоштвото на верата што го даваaт. Се надеваме дека секогаш ќе бидат добри граѓани и католици“ кои „ја изразуваат таа двојна димензија и во своето конкретно живеење.“

Тој ја коментираше и својата изјава по потпишувањето на договорот кога на Светиот Отец му се упатувани критики заради отворањето кон Истокот. Тогаш изјави дека „Запад мора да му се извини на папата Фрањо“. Затоа појасни дека евангелското навестување на Папата можеби секогаш не е лесно сфатливo и прифатливo. „Папата навистина покажува пат што пред сѐ го направи со Fratelli tutti после пандемијата, што може навистина да ни помогне да излеземе од сушата во која се наоѓа нашето општество и да тргнеме кон градење на нов свет, подобар свет“, истакна државниот секретар на Светиот Престол.

Кардинал Паролин кратко се осврна и на закрепнувањето на Папата по операцијата на 4 јули. Тој истакна дека тече полека и дека на Папата му треба време, но добро закрепнува. Тоа го потврдува и преземањето на новите обврски, аудиенциите, како и патувањето во септември кога ќе ја посети Унгарија и Словачка.

Државниот секретар на Светиот Престол во разговорот ја изразува и својата благодарност и почитување кон италјанскиот претседател Серџо Матарела на чиј седмогодишен мандат му дојде својот крај. „Секогаш ми е задоволство да го сретнувам, токму заради моралниот и духовниот став кој го изразува и за посланието кое го оствари во последните години.

Кариналот Паролин во Тридент престојуваше неколку дена заради одмор. Таму отиде како што рече заради прекрасната животна средина – природната убавина, го истакна срдечниот прием од свештениците и народот. После одморот го очекува враќање на работните обврски во Рим, потоа одење во Литванија на епископската хиротонија на новиот апостолски нунциј во Украина Висвалдас Кулбокас, а во септември ќе го придружува папата Фрањо во Унгарија и Словачка.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот