Предизвикот Паљурци
Паљурци, самото спомнување на најголемото македонско светилиште е предизвик, а кога ќе се спомне дека треба да се поработи околу темелите на Католичката црква свети Ѓорги во Паљурци тогаш тоа е задоволство, па дури и во ден кога врне. Така беше и во сабота на 20 февруари. Насмеани и ведри лица подготвени да жртвуваат од своето време, труд, а воопшто не е претерано ако кажеме и напор, не едноставно да се стигне до горе…
Некогаш светиот Апостол Павле доаѓал на одмор во оваа од Бога дадено место, денес е потребно многу труд и напор да се обнови сјајот на Паљурци. Волонтерите од парохијата Радово, свештениците и верниците заедно го започнаа одот кон таа цел. Ги имаше од сите возрасти. Со сигурност Бог стоструко ќе им врати за доброто кое го направија.
з.и.с.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
За авторот
Слични написи

Најава: Целодневно Обожавање на Светото Причасите во парохиската црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица
