Средба на верниците од Радово и Ново Делчево

Во недела 28 јуни 2015 парохијата Свети Пророк Илија – Радово беше посетена од група верници од парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ – Ново Делчево, Бугарија кои присуствуваа на утринската света Литургија. Средбата ја организираше о. д-р Зоран И. Стојанов, заедно со о. Петко В’лов.

Дружењето на верниците од двете парохии продолжи во црковната сала во Радово. Потоа се упатија во Струмица, каде ја посетија Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“, а својата посета ја завршија во црквата Свети Иван Крстител – Струмица, каде беа дочекани од парохјаните, а во парохиската сала верниците од двете парохии се задржаа во меѓусебен разговор и запознавање.

Групата од Ново Делчево броеше повеќе од 60 верници и ова е прва ваква средба меѓу верници од Апостолскиот егзархт во Македонија и Апостолскиот егзархат во Бугарија.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот