Во недела 30 јуни 2024 година во парохиската црква „Свети Пророк Илија“ – Радово на свечената Света Литургија, осум деца прв пат го примиија Светата Причест. Литургијата започна со свечена процесија, во која покрај свештениците и министрантите ја сочинуваа и првопричесниците и нивните родители. Светата неделна Литургија ја предводеше парохот во Радово отец Илија Стојанов во сослужение на капеланот отец Атанас Сирачев и отец Владимир Симунович од Хрватска. На светата Литургија присуствуваа родителите, роднини, пријатели на првопричесниците и голем број верници.
Пред примањето на причеста децата со запалени свеќи ги обновија крштелните ветувања дадени на нивното Крштение од кумовците. На крајот првопрчесниците, подготвени од вероучителка сестра Ана Тантушева имаа програма со рецитал и песни.
По света Литургија во црковната сала следеше дружење со првопричесниците, свештениците, сестрите Евхаристинки, наставниците и родителите на првопричесниците.
к.мк