Прва Света Причест во Радово

Радово, 23.6.2013 /к.мк/ – Во недела 23 јуни, на празникот Духовден во парохијата Свети Пророк Илија, Радово прва света причест примија 17 првопричесници. Овој ден претставува еден од најважните во животите на овие деца, ден во кој тие го обновуваат крстниот завет пред Бог, ветувајќи дека ќе го сакаат Исуса и ќе се пазат од гревот.

Светата Литургија ја служеше Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, а со него сослужуваше и високиот гостин од Рим, Н.В.П. д-р Цирил Васиљ, Секретар на Конгрегацијата за Источни Цркви, заедно со парохот отец Зоран Стојанов,  o. Лоренцо Лорусо и другите свештеници од Егзархатот.

На крајот од светата Литургија првопричесниците добија и пригодни подароци од владиците а тие како благодарност, се претставија пред присутните во Црквата, со пригодно подготвена програма под водство на Сестрите Евхаристинки. (В.Н.)

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<