Прва Света Причест во Нова Маала

Во недела, на 5 јуни 2016 година, во црквата Успение на Пресвета Богородица во Нова Маала се служеше свечена Света Литургија по повод Првата Света Причест, каде што седум деца за прв пат го примија во себе Исус Христос.

Големината на овој ден се почувствува преку радосните срца на децата но исто така и преку радоста на нивните родители, блиските роднини и останатите верници кои присуствуваа на Светата Литургија и ги поддржуваа и охрабруваа со молитви.

Светата Литургија ја предводеше парохот о. Спасо Ристов во сослужение на капеланот о. Ванчо Назов, кој во пригодната проповед од неделното Евангелие за Слепородениот, истакна дека Исус е Оној кој самоволно се приближува до нас да ни ги отвори духовните очи. Денес и кај овие првопричесници Исус дојде да им ги отвори духовните очи. Да гледаат подалеку во животот, а не да бидат слепи како фарисеите. Ги поттикна да бидаат љубопитни, да не се срамуваат да прашуваат за совети кои ќе им користат за нивниот материјален и духовен живот. Исто така о. Ванчо им порача и на нивните родители, да бидаат нивна морална подршка во нивниот понатамошен живот, а не како родителите на слепиот од Евангелието да бидаат воздржани, и бегајќи од родителската одговорност, ја препуштаат сета одговорност на нивниот син.

На крајот од Светата Литургија, парохот о. Спасо изрази голема благодарност за убавината на овој навистина голем ден, без чија добро организирана подготовка не би се реализира. Се заблагодари на вероучителите кои преку целата година ги водеа децата низ духовната наука. Им се заблагодари на родителите и сите оние со добра волја кои потпомогнаа да се уредат и исчистат Црквата, црковната сала и црковниот двор.

После Светата Литургија следуваше заедничко дружење и фотогафирање на првопричесниците со нивните најблиски, а во црковната сала се дружеа со она што беше подготвено од родителите на првопричесниците

к.мк/З.А

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Македонија

За авторот