Почина таткото на бискупот Стојанов
Во сабота 3 мај 2014 година почина Илија Стојанов, татко на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егазрх во Македонија. Погребението на покојниот Илија ќе биде во недела 4 мај 2014 година со почеток во 13.00 часот во парохиската црква Свети Пророк Илија во Радово.
Илија Стојанов е роден на 28 октомври 1930 година. Во брак стапува со Велика родена Манолева и од тој брак им се родија пет деца од кој еден епископ, еден свештеник и две чесни сестри, кои се во монашката заедница на сестрите Евхаристинки.
Бог нека го награди со вечен живот. Вечнаја памјат!
Категорија:
Македонија