Задушна сабота во Радово

Задушна сабота во Радово

Следната сабота на 22 февруари 2020 е Задушница (задушна сабота).

Во парохијата Свети пророк Илија во Радово, на тој ден се моли:

– Света Литургија во 8,00 часот

– Заедничка света Бројаница во 9,00 часот на гробиштата

– Заедничка Голема Панахида за душите на покојните во 14 часот во црквата.

На Задушница се потенцира – Заедничка – Литургија, Бројаница и Панахида, зашто црковна е одредбата преку годината 3 пати, парохиската заедница, вклучувајќи ги сите членови на парохијата, да се молиме за покојните. Тоа подразбира молење за покојните од семејствата. Моќта на заедничката молитва е ветена од Господ Исус, кога тој вели: „каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив” (Мт 18,20). Затоа на посебен начин на Задушница треба, должни сме, да посветиме време за покојните од семејствата и заборавените души. Треба да направиме молитвена жртва и краен напор да го следиме распоредот во парохијата и да бидеме дел од Заедничката молитва во таа сабота.

Светата Црква препорачува и повикува тој ден да го дочекаме подготвени преку света Исповед, за да можеме да пристапиме на света Причест.

Во Радово можност за света исповед ќе има во четврток попладне од 16 до 17 часот и сабота пред светата Литургија.

Исус се обраќа до апостолите и им заповеда и ветува:

Вашиот Отец небесен не сака да загине ниедно од овие, маливе. Ако згреши против тебе братот твој, оди и искарај го насамо; ако те послуша, си го придобил брата си; ако ли не те послуша, поведи со себе уште еден или двајца, па со устата на двајца или тројца сведоци нека се потврди секој збор; ако ли, пак, не ги послуша и нив, кажи ѝ на црквата; па, ако и црквата не ја послуша, тогаш нека ти биде тој како незнабожец и митник.

Вистина ви велам: сè што сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и сè што разврзете на земјата, ќе биде разврзано и на небото.

Пак ви велам: ако двајца од вас се согласат на земјата да помолат нешто, што и да било, ќе им биде дадено од Мојот Отец небесен; зашто, каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив.” (Мт 18, 14-20).

Отец Зоран

Категорија: Вести, Македонија

За авторот