Окрепена со светите Тајни, на 18 јануари 2020 година, почина с. Лујза Стојчева сестра Евхаристинка. Опелото со света Литургија ќе биде во понеделник на 20 јануари 2020 година во 12.00 часот, во катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица, а потоа погребната поворка ќе се упати кон католичките гробишта во Струмица.
Сестра Лујза Стојчева е родена во Радово на 29 јуни 1949 година. Како сестра Евхаристинка делувала 16 година во Нова Маала, 16 години во Радово и 16 години во Струмица. Најголемиот дел од својот живот предавала катехизис и ги подготвувала децата за Првата света Причест исто така работела и како медицинско лице, водејќи се од зборовите: „Те сакам преслатки Исусе и заради ова љубов Ти се поднесувам во жртва за спасението на мојата душа и за оние на моите браќа. Дај, Господи, сите да Ти служат, за да можат еден ден сите во рајот отворено да го видат твоето светло лице за вечни векови.“
Вечен покој дади и Господи и вечна светлина нека ѝ свети. Нека почива во мир. Амин.