Папата до младите од Католичка акција: Бидете канали на доброто

Папата до младите од Католичка акција: Бидете канали на доброто

Папата Фрањо на 20 декември 2018 година во аудиенција ги прими младите од италијанската Католичка акција и ги поттикна кон сите да бидат великодушни канали на доброто и прифаќањето.

Пренесувајте ја убавата вест, пораката за спасение на своите врсници, но и на возрасните – ги поттикна папата Фрањо младите членови на италијанската Католичка акција. Таа вест е порака за љубов: Бог сите нас нѐ сака – рече Папата и додаде: Тоа е вистинска, добра вест, која Бог ја даде на светот со доаѓањето на Неговиот Син Исус меѓу нас.

Исус сака да се роди во вашето срце

Папата ги поттикна младите од Католичка акција да бидат канали на доброто. Драги млади, Исус на Божиќ, повторно сака да се роди во вас, во вашето срце, како би ви дарувал вистинска радост, која никој не може да ви ја одземе. А вие, понудете ја таа радост на други млади кои живеат со страдање, во тешки моменти, посебно оние кои гледате дека се осамени и можеби злоупотребувани. Кон сите бидете канали на доброто и прифаќањето, како би изградиле побратски, посолидарен и повеќе христијански свет – рече Светиот Отец, а потоа ги повика да се молат за свештениците и лаиците, кои со многу љубов се посветуваат на нивното христијанско воспитување.

Каритативни дела

Молете се за нив како би имале мудрост и трпение за добро извршување на таа служба – напомена Папата. Меѓутоа, патот на формација треба да следи конкретни каритативни иницијативи, кои оваа година се наменети за поддршка на правото на храна и достоинството на оние кои ја обработуваат земјата. На крајот папата Фрањо се заблагодари на присутните млади за дарот кој го донесоа за Апостолската милостилница. Тоа е многу корисна работа, односно производите кои ќе послужат за лична хигиена на бројните сиромашни – истакна папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот