Папата: Унијата на слепи лица и лица со оштетен вид промовира инклузија

Папата: Унијата на слепи лица и лица со оштетен вид промовира инклузија

Папата Фрањо се сретна со членовите на италијанската унија на слепи лица и лица со оштетен вид (UICI) и ги охрабри да бидат светилници на надеж во италијанското општество кое се соочува со тешки времиња, како нивната заштитничка, Света Луција од Сиракуза.

На 12 декември Светиот Отец ги прими членовите на Италијанската унија на слепи лица и лица со оштетен вид во аудиенција во Ватикан пред прославата на празникот на нивната заштитничка Света Луција од Сиракуза, која се празнува на 13 декември.

Италијанската унија на слепи лица и лица со оштетен вид е непрофитна асоцијација основана во 1920 година и членка на Светската унија на слепи (WBU), која е има за цел да се залага за создавање подобар и побезбеден свет за слепите лица и лицата со оштетен вид и да се елиминираат општествените предрасуди кон нив за да се постигне нивна целосна интеграција во општеството.

Храброста на Света Луција од Сиракуза

Во своето обраќање Светиот Отец изрази благодарност што членовите на сојузот сакале да се сретнат со него во пресрет на празникот Света Луција, кој се празнува на 13 декември. Тој нагласи дека оваа христијанска маченичка од 3. век нè потсетува со нејзиниот пример дека „најголемото достоинство на човечката личност е во сведочењето на вистината, следејќи ја својата совест без разлика на цената, без дволичност и компромиси“. „Тоа – рече Папата – значи да се биде на страната на светлината, да се служи на светлината, како што асоцира самото име Луција“.

„Да бидеме јасни, транспарентни, чесни луѓе; комуницирајте со другите на отворен, на јасен начин, со почит. Ова помага да се шири светлината во средини во кои живееме, за да ги направиме похумани, попогодни за живот“, истакна Папата.

Светиот Отец потоа ја пофали унијата, наведувајќи дека тие се „конструктивна сила“ во општеството, посебно во Италија, која „поминува низ тешки моменти“.

Лицата со попреченост се извор на енергија што треба да се цени во општеството

Од христијанска гледна точка, рече Папата, попреченоста не треба да се решава со „пиетистички став или асистентизам“, туку „со свесноста дека кревкоста, прифатена со одговорност и солидарност, е извор за целото општество и црковната. заедница“.

Папата понатаму нагласи дека слепите лица и лицата со оштетен вид, водени од етичките принципи и граѓанската совест, се лидери во градењето инклузивни заедници, „каде што секој може да учествува без срам за своите ограничувања и слабости, соработувајќи со другите за да се поддржуваат едни со други“.

„Сите си требаме еден на друг, не само луѓето со физичка кревкост, туку на сите ни треба помош од другите за да одиме напред во животот, бидејќи сите сме со слабо срце, сите“, нагласи Светиот Отец.

Донесување надеж во општеството

Затоа, Папата ги охрабри членовите на унијата да одат напред со „сè поконструктивен и проактивен стил, како сила што пренесува доверба и надеж“ и да го следат примерот на Света Луција, која не подлегна на заканите и додворувањата, туку храбро му се спротивстави на судијата кој ја испрашуваше.

„На италијанското општество му треба надеж, а таа доаѓа пред сè од сведоштвата на луѓето кои во својата состојба на кревкост не се затвораат во себе, ниту се сожалуваат себеси, туку работат заедно со другите за да ги подобрат работите“, рече папата Фрањо на крајот од неговото обраќање до унијита за слепи лица и лица со оштетен вид.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот