Почесниот папа Бенедикт XVI ќе присуствува на Конзисториумот

Папата Фрањо го покани почесниот папа Бенедикт XVI да учествува на Конзисториумот во базиликата свети Петар во Рим, каде што ќе бидат именувани нови кардинали.

Почесниот папа Бенедикт XVI со радост ја прими поканата на папата Фрањо да учествува на редовниот јавен Консисториум, кој ќе се одржи на 14 февруари во 11:00 часот во базиликата Свети Петар во Рим, каде што ќе бидат поставени 20 нови кардинали.

Почесниот папа Бенедикт XVI учествуваше и на Консисториумот на 22 февруари 2014 година, кога беа именувани 19 кардинали. Тогаш, пред почетокот на церимонијата, папата Фрањо срдечно го поздрави Бенедикт XVI. Братската прегратка меѓу двајцата беше придружена со долг аплауз од присутните.

РВ/З.А.

Категорија: Ватикан

За авторот