Пост Велигденски концерт во Скопската катедрала

Во Скопје на 24 април 2014 година во катедралата Пресвето Срце Исусово е одржан Пост Велигденски концерт во организација на Скопската бискупија заедно со Хрватската и Германската амбасада во Република Македонија.

На почетокот на концертот сите присутни ги поздрави Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов. Честитајќи го Воскресението Христово, тој изрази задоволство за концертот кој традиционално се организира, а благодарејќи на Хрватската амбасада, на која овој пат и се придружи и Германската амбасада. Со концертот се развива духовнатата култура во овој град, рече бискупот Стојанов и заблагодари на сите кои допринесоа во организацијата на концертот.1671_1

По бискупот Стојанов, на присутните им се обрати и германската амбасадорка Гудрун Штајнакер, како и хрватскиот амбасадор Златко Крамариќ.

На концертот настапија контратенорот Иво Мајер (Хрватска), пијано Милица Шкариќ (Македонија) и сопран Гонца Богоморова (Македонија).

Иво Мајер и Гонца Богоморова во придружба на Милица Шкариќ изведоа десет композиции од Т. Џордани, Ј.С. Бах, Џ. Качини, Г.Б. Перголеси, Г.Ф. Хендел, Г. Росини, Г. Гауре и други.

Меѓу останатите на концертот присуствуваа лица од јавниот живот, како и од дипломатскиот кор. (д.т.)

Фото: с. Клементина

Категорија: Македонија

За авторот