Порака на шпанските епископи за европските избори

Од Сантијаго де Компостела ти упатувам стара Европо крик на љубов: врати се кај себе: Биди тоа што си! Откриј ги своите почетоци. Оживеј ги своите корени. Оживеј ги оние вистински вредности кои те направиле славна, а твојата присутност меѓу другите континенти добротворна. Обнови го духовното единство во атмосфера на полно почитување на другите религии и вистинската слобода –со тој апел кој блажениот папа Иван Павле II во 1982 година го упати од светилиштето Сантијаго де Компостела, започнува пораката на шпанските епископи за европските избори кои ќе се одржат на 24 и 25 мај.

Усвојуваќи ги објавените размислувања на Комисијата на епископи на Европските заедници, шпанските епископи повикуваат на излегување на европските избори. Повикувајќи се на документот на Комисијата на епископи на Европските заедници, шпанските епископи ја потврдуваат својата поддршка за европскиот проект, го повикуваат населението на „поттикнувачки дијалог“, поттикнувајќи ги сите кои имаат право на глас да учествуваат на изборите, нарекувајќи ги „демократски процес“ кој ќе ја зацврсти новата законодавна власт.“

Осврнувајќи се на економско-финансиската криза од која се погодени поголем дел од државите на Европската Унија, а секогаш во согласност со Комисијата на епископи на Европските заедници, Црквата во Шпанија предупредува на порастот на бројот на сиромашни, потсетувајќи на христијанската порака на надеж која може секој граѓанин, секоја заедница и држава, членките на Европската Унија, да ги поттикне да работат на општото добро оставајќи ги на страна партиските интереси. Епископите на сите им предлагаат крепоста на „умереност“, како економијата, политиката и сите европски граѓани ќе научат да живеат со помалку, за да се подобри состојбата на сиромашните.

Истовремено со европските епископи тврдат дека не треба во име на единството на Европската Унија да ги жртвуваат начелата на супсидијарност, солидарност како ни локалните традиционални вредности, бидејќи градењето на нов свет треба да се темели на солидарност. Затоа повикуваат да се усвои социјална и економска политика чие гледање на човекот ќе се темели на длабоко почитување на човечкото достоинство, затоа што човечкиот живот треба да се штити од зачнувањето до природната смрт; исто така семејството, основен составен дел на општеството треба да ужива општествена заштита – истакануваат шпанските епископи.

Говорејќи пак за миграцијата на населението, се истакнува дека одговорноста за прифаќање и интеграција на мигрантите и азилантите треба подеднакво да ги сносат сите европски држави, кон доселениците да се постапува хумано и потполно да им се почитуваат нивните човекови права.

Заедно со европските епископи, шпанските епископи ја нагласуваат важноста да се почитува верската слобода, основен фактор за толерантно и отворено општество; таа вклучува – стои во документот – слобода на јавно покажување на сопствената вера, затоа на Европската Унија и се препорачува усвојување на главните одредници за „промовирање и заштита на верската слобода.“

На крајот, шпанските епископи ја истакнуваат потребата за зачувување на сето создадено со посебна внимателност на климатските промени и на испуштањето на јаглероден диоксид, и бараат неделата да се прогласи за ден за одмор. Европската унија е на раскрсница. Потребно е на поттикнувачки начин да се гради нејзината иднина бидејќи многу ќе изгубиме ако европскиот проект пропадне – стои на крајот од апелот на шпанските епископи.

РВ/Д.И.

Категорија: Свет

За авторот