Порака на Папата: „Победи ја рамнодушноста и освој го мирот“

Во Ватикан на 15 декември е објавена пораката на папа Фрањо за 49. Светски ден на мирот 2016, кој на 1 јануари ќе се слави на темата „Победи ја рамнодушноста и освој го мирот“. Првиот непријател на мирот е рамнодушноста на луѓето кон своите слични, а потекнува од исфрлање на Бога. Пораката на папа Фрањо започнува со повикот на сигурно градење мир, затоа што мирот е Божји дар и остварувањето на мирот е доверено на луѓето со добра волја.

Со неславен биланс за мирот завршува 2015 година. Се чени дека тероризмот и вооружените групи ја потврдуваат теоријата за „Трета светска војна во делови“. Сепак, причини за надеж има, Папата ги гледа во неодманешните меѓународни настани, на пример Парискиот самит за клима и програмата на Организацијата на Обединетите Нации 2030 за одржлив развој, која е во склад со однесувањето на Црквата во последните педесет години, отворен дијалог, солидарност и милосрдие.

Заканите по мирот се реални, а обично произлегуваат од рамнодушноста кон ближниот и кон создаденото. Тоа однесување е толку вкоренето што Папата го нарекува „глобализирана рамнодушност“, злото потекнало од човечката рамнодушност кон Бога. Од раскинувањето на привилегираниот однос со Бога произлегува општественото зло кое Папата многу често го осудува: корупција, уништување на природата, недостиг на сочуство со другите.

Папата истакнува дека патот на борбата против глобализацијата на рамнодушноста поаѓа од длабоко преобраќање на човечкото срце, кое ни овозможува по Божјата милост одново со вистинска солидарност да се отвориме за другите. А улогата на солидарноста, на која што Папата мисли, бара неуморно ангажирање, кое е способно да ја оствари вистинската култура на милосрдието. Семејството, воспитувачите и информативните работници треба да ги промовираат вредноста на слободата, заемното почитување и солидарноста – потсети Светиот Отец.

Всушност, во тој контекст, Папата потсети на негативниот пример на медиумските работници кои безобѕирно добиваат и шират информации. А сепак, општеството изобилува со примери на солидарни и милосрдни дела; тоа се организациите за човечки права, каритативните друштва и работниците кои им излегуваат во пресрет на мигрантите во тешкотии. Нивните акции, вели Папата, се вистински дела на телесно и духовно милосрдие. Папата им заблагодарува на сите кои во Црквата го прифатија неговиот повик да примат бегалски семејства.

Јубилејот на милосрдието е прилика за размислување за рамнодушноста во сопственото срце за да ја победиме и така да ја подобриме реланоста околу нас. Папата ја завршува пораката потсетувајќи на лицата во тешкотии, повикувајќи за крај на смртната казна и за помилување. Им упати апел на државните лидери, доверувајќи се на Богородичното застапништво, да ја отфрлат војната, на сиромашните земји да им се простат долговите, да усвојат политики на соработка кои нема да посегнува по правото на оние кои треба да се родат.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот