Во својата порака за Светскиот ден на сиромашните, кој оваа година се одбележува по седми пат, папата Фрањо не охрабрува да не го вртиме погледот од оние кои се во тешкотии како што се децата кои живеат во воени зони, луѓето кои едвај врзуваат крај со крај, луѓето кои се експлоатирани на работа и младитe луѓе кои се соочени со императивот за успех: секој од нив е наш ближен, наш сосед, потребно е сериозно и ефективно политичко и законодавно дејствување.
Во пораката на тема: „Не вртете го лицето од сиромашните“, повикувајќи се на Книгата Товит, Папата нуди толкување на реалноста што произлегува од препознавањето во најкревкото „лице на Господ Исус“, без разлика на бојата на кожата, социјалниот статус и потеклото. Во него се крие брат кој треба да се сретне, ослободувајќи се од рамнодушноста, истакнува папата Фрањо.
Обемот на проблемот
Светиот Отец ја започнува својата порака истакнувајќи дека големата река на сиромаштијата минува низ нашите градови и се полни до точка на излевање. Потребите на нашите браќа и сестри кои молат за наша помош, поддршка и солидарност се многу големи, забележува Римскиот бискуп.
Живееме, продолжува Папата, во времиња кои не се особено чувствителни за потребите на сиромашните. Повиците за благостојба се сѐ погласни, додека гласовите на оние кои живеат во сиромаштија главно не се слушаат.
Светиот Отец посебно ги нагласува новите форми на сиромаштија, како што се луѓето зафатени во воени ситуации, нехуманото постапување со многу работници во различни сектори, кои, како што рече, доведоа до драматично зголемување на цените што дополнително осиромашува многу семејства.
Нашиот одговор
Соочени со проблеми од такви размери, пишува папата Фрањо, нашата одговорност е јасна. Така, изразот „Не вртете го лицето од сиромашните“ нè води кон стекнување крепост за милосрдие, милосрдие кое дава смисла и вредност на целиот христијански живот.
Со еден збор, продолжува Папата, кога и да се сретнеме со сиромашните, не смееме да го тргнеме погледот, бидејќи тоа не спречува да се сретнеме со лицето на Господ Исус.
Значи, параболата за добриот Самарјанин не е само приказна од минатото; туку ја преиспитува сегашноста на секој од нас. Лесно е да се префрлат пари на други, да се даваат пари за другите да прават добри дела е дарежлив чин, но она на што е повикан секој христијанин е лично да се вклучи, пишува Светиот Отец.
Политичка и законодавна ангажираност
Папата Фрањо понатаму посочува дека оваа година се одбележуваат 60 години од објавувањето на енцикликата Pacem in Terris на папата Иван XXIII, во која е истакнато дека: Секое човечко суштество го ужива правото на живот, телесен интегритет и неопходните средства за регуларен развој на животот, вклучувајќи храна, облека, дом, медицинска грижа, одмор и потребните социјални услуги.
Како да се постапи, прашува папата Фрањо, соочени со неуспехот на политичките и законодавните дејствувања за испорака на овие добра?
Одговорот, вели тој, е двоен. Од една страна, потребно е да се поттикнат, па дури и да се врши притисок врз јавните институции за правилно извршување на нивните должности, но, од друга страна, нема никаква корист пасивно да се чека се да се прими „одозгора“.
Во потрагата по промени и одговорност треба да се вклучат и оние кои живеат во сиромаштија, нагласува папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк