Принцезата Александра од Хановер е избришана од наследничката листа на британската круна, бидејќи неодамна стана член на Католичката црква, пренесува Ројал Централ. Оваа 19 годишна девојка е ќерка на принцот Ернст Август од Хановер и принцезата Каролина од Монако. Но и понатаму се наоѓа на 12 место во редот за сукцесија за престолот.
Принцезата е родена на 20 јуни 1999 година во австрискиот град Векларбрук, а во септември истата година е крстена во лутеранска црква. Нејзината мајка, принцезата Каролина отсекогаш била католик, а принцезата Александра неодамна одлучи да премине на верата на својата мајка.
Вујкото на принцезата, Алберт II. е актуелниот владетел на кнежевството Монако. Нејзината баба, американската актерка Грејс Кели, исто така е воспитана во католичката вера. Принцезата Александра од Хановер е потомок на британската кралица Викторија и германскиот цар Вилхелм II.
Иако британскиот закон за сукцесија од 2011 година драстично е променет, во него и понатаму останува на сила одредбата според која католиците и другите не-протестанти не може да бидат суверени.
Битно нет/к.мк