Молитви и солидарност за луѓето погодени од обилните дождови во Бразил

Молитви и солидарност за луѓето погодени од обилните дождови во Бразил

Во саботата, на 9 септември 2023 година, папата Фрањо ја изрази својата близина со жртвите од циклонот што го погоди Бразил последните денови, предизвикувајќи огромни поплави и десетици жртви.

Папата Фрањо изрази солидарност и упати молитви за настраданите во поплавите во бразилската држава Рио Гранде до Сул.

Во саботата, на 9 септември, Папата испрати телеграма со сочувство, потпишана од државниот секретар кардинал Пјетро Паролин, до надбискупот Леомар Брустолин од бискупијата Санта Марија, кој исто така е претседател на 3-от јужен регион на Националната бискупска конференција на Бразил.

Светиот Отец ја изрази својата близина со настраданите од природната непогода, додека обилните дождови предизвикаа големи штети во државата Рио Гранде до Сул. Дождовите, рече Папата, оставија зад себе уништување и смрт.

Ја покажа својата татковска грижа и ги благослови сите

Тој, исто така, им вети на сите бискупи од јужниот регион дека ќе моли за вечен покој на жртвите и за сите оние кои ги загубија своите домови, надевајќи се дека обновата ќе се случи брзо и ефективно.

Расте бројот на смртни случаи

Во меѓувреме, бројот на загинати од циклонот што во понеделникот го погоди јужниот дел на Бразил продолжува да расте. Државните власти објавија дека загинале 41 лице, 46 лица се водат како исчезнати, а 223 се повредени. Регионалните власти известуваат дека спасувачките напори продолжуваат и дека досега повеќе од 11.000 луѓе се принудени да ги напуштат своите домови, бидејќи многу згради се уништени, а има и поплавени градови.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот