Покрај поклоничкиот крст на Светскиот ден на младите, со тој настан од 2003 година се поврзува и иконата на Блажена Дева Марија Salus Populi Romani, изможена во базиликата Света Марија Велика која посебно му е мила на папата Фрањо.
Започна Светскиот ден на млади во Панама, а папата Фрањо ќе им се придружи на младите од целиот свет на 24 јануари попладне кога и официјално ќе ја отвори таа средба. Потсетуваме дека младите од целиот свет за прв пат ги собра свети Иван Павле II на Цветници во 1984 година по повод одбележувањето на Светата година на откупувањето (1983- 1984), односно 1950 години од Исусовата смрт и воскресение. Папата на младите во Рим им предаде голем дрвен крст симбол на Христовата љубов кон човештвото, и ги повика да го распространат во светот навестувајќи им на сите дека само во Христовата смрт и воскресението наоѓаме спасение и откупување.
На крстот кој се нарекува и крст на Светскиот ден на млади во 2000 година во Рим за прв пат му се придружи и иконата на Блажена Дева Марија „Salus Populi Romani“ – Спас на римскиот народ. Оригиналот на таа икона се наоѓа во римската базилика Света Марија Велика, а според легендата ја насликал свети Лука евангелист. Исто така е позната и по тоа што папата Фрањо пред и после секое апостолско патување пред неа се препорачува на Богородичната мајчинска заштита и благодари за примените благодати.
Во пораката која им ја упати по повод епископската средба во Рим во 2003 година кога им ја предаде копијата од спомнатата икона и ги повика да ја распространат во светот заедно со поклонички крст, свети Иван Павле II нагласи дека во тешките времиња не сме сами, затоа што Исус како и на Иван кој стоел под крстот му ја дава својата Мајка да нè теши со својата нежност. Неколку месеци пред овогодинешната средба мноштво млади во голем број градови и парохии на американскиот континент на свечен начин го поздравија крстот и Богородичната икона на нивниот пат до Панама.
Ватикан њуз/к.мк