Подржувајте чесна економија во борбата против корупцијата

„Ваша обврска е да се стремите кон хуманизација на економијата, комбинирајќи ја ефикасноста и солидарноста. Ставајте го секогаш човекот во центарот, а не парите.

Распространувајте ја чесностa, борејќи се со корупцијата“. Тоа беше охрабрувањето на папата Фрањо во говорот пред повеќе од 7 илјади соработници и вработени, придружени од своите семејства, на Кредитната Кооперативна Банка од Рим кои ги прими во аудиенција во ватиканската сала „Павле VI“ по повод 60-годишнината од нејзиното основање.

Во словото Папата потсети и истакна: „Бидете моторот за развој на најслабиот дел на локалните заедници; бидете главни актери во понудата и реализацијата на нови решенија за благосостојбата на луѓето, почнувајќи од областа на здравството; грижете се за врската меѓу економијата и социјалната правда; Олеснувајте и утешувајте го животот на семејствата; поттикнувајте на солидарност и социјална употреба на парите, во стилот на вистинска задруга, каде капиталот не ги контролира луѓето, туку луѓето го контролираат капиталот“.

Плод на сето ова е зајакнување на чесна економија, истакна Папата. „Од вас се бара не само да бидете искрени – тоа е нормално – туку и да го распределувате и вкоренувате чесното во целата сфера. Учествувајте активно во глобализацијата, за да настане глобализација на солидарност“ – ги охрабри Папата:

„Вие сте кредитно претпријатие и сте најголемата Кредитна Кооперативна Банка во Италија. Можно е едно претпријатие да стане голема компанија, но тоа не е најважниот предизвик. Најважно предизвик е да растете, продолжувајќи да бидете вистинско претпријатие, дури, претворајќи се и во повеќе од тоа“.

Папата Фрањо се задржа и на еден од основните принципи на Социјалната доктрина на Црквата: субсидијарноста. „Како кредитни кооперативни банки, ја применувате практично субсидијарноста кога застанувате пред тешкотиите од кризата со вашите средства, обединувајќи ги силите, а не на сметка на другите. Субсидарността е да не се тежи на институциите и на државата, кога можеш да се справиш со проблемите со сопствените сили и со одговорност. Затоа е важно вие да одите напред по патот на интеграцијата на кредитните кооперативни банки во Италија. Не само затоа што, како што велат, обединувањето прави силата, туку затоа што треба да се размислува за големи нешта, да се прошири хоризонтот“.

Пред завршниот благослов, како што веќе е традиција, Папата ги повика присутните: „Ве молам, не заборавајте да се молите за мене“, по што шеговито додаде: „Не плашете се, не барам пари, туку молитви“.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот