Папата: Бог е голема убавина сè друго е минливо

Две опасности им се закануваат на христијаните: искушението за обожавање на добрата и почитувањето на обичаите како сè вечно да трае. Напротив, само на Божјата убавина треба да се поклонува – рече Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 13 ноември во капелата на домот Света Марта.

Бог е голема вечна убавина. Вака зборува псалмот: „Небесата ја објавува славата на Бога“. Човековиот проблем е во тоа што често паѓа ничкум пред сјајот и одразот кои ќе исчезнат – или уште полошо – затоа што обожава краткотрајни задоволства. Зборувајќи за литургиските читања, Папата предупреди на две идолопоклонства опасни за верниците. Првото читање и псалмот ја величат Божјата убавина, но ја истакнуваат и заблудата на луѓето, бидејќи не се способни да гледаат понатаму од привидната убавина и да ја видат трасцеденцијата. Светиот Отец тоа го нарекува „идолопоклонство на иманентноста“, обожавање на минлива убавина.

Некои се посветени на тоа идолопоклонство: заслепени се од нејзината моќ и сила. Не размислуваат за тоа колку е возвишен Оној Кој ја започнал и е зачетник на убавината. Идолопоклонство е да се восхитуваш на тие убавини, а да не мислиш на нивната минливост. Тоа идолопоклонство на обожавање на овоземската убавина без трасцеденција ни се заканува на сите нас. Веруваме дека работите се како богови; дека се вечни и забораваме дека се минливи; дека ќе исчезнат – рече Папата.

Коментирајќи го пак евангелскиот дел Светиот Отец предупреди на опасноста од „идолопоклонството на обичаите“. Исусовите зборови, неговиот опис на мажите и жените во времето на Ное или оние од Содом кога „јадеја, се женеа и се мажеа“ за друго не се грижеле сѐ до потопот односно небесниот оган и сулфур до целосно уништување – рече Светиот Отец.

Сè е вообичаено. Животот е таков: живееме не мислејќи дека ќе престане. И тоа е идолопоклонство: почитување на обичаите. Црквата нè предупредува на минливоста на сето тоа. Обичаите луѓето можат да ги сметат за богови. Овоземската убавина ќе заврши во друга убавина и нашите обичаи во вечности, во друг обичај. Само Бог е вечен – нагласи Светиот Отец.

Поттикнувајќи пак погледот секогаш да се воздигнува до конечниот обичај, до единиот Бог Кој е над „завршувањето на создадените работи“ и рече дека Црквата на свршетокот на оваа литургиска година опоменува да не се повтори кобната грешка свртување назад како што и се случило на жената на Лот, цврсто надевајќи се дека – ако овоземскиот живот е убав – ќе биде убав и неговиот крај.

Христијаните не се народ кој се враќа назад, кој се откажува, туку секогаш оди напред. Во овој живот секогаш треба да одиме напред, гледајќи ги убавините па и со обичаите кои ги имаме, но не смееме да ги обожаваме. Ќе престанат… Нека овоземската убавина биде блесок на Големата убавина, а нека нашите обичаи продолжат во вечното пеење и гледање на славата Божја – посака Светиот Отец.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот