Кардинал Тарзицио Бертоне, поранешен државен секретар, ја предводеше светата Литургија за покојниот кардинал Сарди, кој почина на 13 јули 2019 година во 85 година од животот и посебно ја спомна неговата соработка во подготовка на документите и говорите на свети Иван Павле II и Бенедикт XVI
Кардинал Паоло Сарди беше учител по морална теологија, кој придонесе во обликувањето и ширењето на моралното научителство на светиот папа Иван Павле II. – со тие зборови кардинал Бертоне си спомна на покојниот кардинал Сарди за време на светата Литургија, која се служеше на 15 јули во базиликата Свети Петар. На крајот од светата Литургија на сослужителите се придружи и папата Фрањо, кој го предводеше обредот при што се прости од покојниот кардинал и во молитва ја препорача неговата душа на Бог.
Соработуваше во составувањето на енцикликата „Veritatis splendor“
Кардинал Бертоне истакна дека благопокојниот кардинал Сарди, влегувајќи во секретаријатот во 1976 година, а од 1990 ја координира канцеларијата која соработува со Папата во составување на документите и говорите. Извршувајќи ја таа должност соработувал и во подготовка на енцикликата„Veritatis splendor“ од 1993 година, важен докумeнт од папството на свети Иван Павле II, кој постојано е актуелен и кој кардинал Сарди го објаснуваше на средбите со верниците, истакнувајќи дека поимите „вистина“, „совест“ и „закон“ може потполно да се разберат само преку христијанскиот поглед.
Книгата „Абортусот вчера и денес“
Кардинал Бертоне потоа посебно ја спомна понизноста и чесноста на благопокојниот кардинал, кои ги наследи од родителите, како и објавувањето на книгата од 1975 година со наслов „Абортусот, вчера и денес“, која ја прикажува католичката мисла за тоа чувствително прашање. Станува збор за важна книга, посебно во контекст на големата расправа која тие години се водела во италијанското општество. Освен тоа благопокојниот кардинал, ученик на папата Павле VI, должноста во Државниот секретаријат ја поврзувал и со пасторалната служба. Посебно голем број верници присуствуваа на светите Литургии, кои ги служеше секое утро во ватиканската базилика, на олтарот каде е погребан папата Иван XXIII.