Објавена програмата за посета на Папата на Стразбур

Канцеларијата за печат на Светиот Престол на 7 октомври ја објави програмата за посетата на папата Фрањо на европските институции во Стразбур на 25 ноември. Папата ќе отпатува кратко пред 8.00 часот од аеродромот Фиумичино, во 10:35 планирано е обраќање во Европскиот Парламент, а во 12:05 посета на Советот на Европа каде што Папата исто така треба да одржи говор. Враќање во Рим е планирано нешто порано од 16.00 часот. Одговарајќи на прашања на новинарите, Канцеларијата за печат објави и тоа дека апостолско патување во Франција на Светиот Отец се планира за следната 2015 година.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот