Ајде тивко да ги разгледаме петте извонредни доблести на свети Јосиф за да можеме да го проживееме најревносниот Божиќен пост и да Му дозволиме на Исус овој Божиќ да се роди во нашите срца!
Свети Јосиф може да ни помогне да го направиме Божиќниот пост многу поплоден, од повеќе причини. Ајде тивко да ги разгледаме петте извонредни доблести на тој светец за да можеме да го проживееме најревносниот Божиќен пост и да Му дозволиме на Исус овој Божиќ да се роди во нашите срца!
- Тишина. Ниту еднаш во Библијата не слушаме збор од големиот светец Јосиф. Таа тишина на свети Јосиф многу ни зборува. Нѐ учи на основниот став за влез во длабока молитва: тишината. Ако постојано сме бомбардирани од разни гласови, тогаш е невозможно да го чуеме Словото Божјо, бидејќи Духот Свети ни зборува во бавното ветре на тишината. Исто така нѐ учи и на неопходноста за примери. Својата автентичност мораме да ја покажеме со зборовите па и со своите дела. Свети Јосиф го поучил светот на свет начин на кој што тој живеел. Нека ни биде пример!
- Молитва. Свети Јосиф бил човек на молитвата. Одиграл извонредна улога во историјата на спасението. Бил свршеник на Марија, Мајката Божја, и со тоа очув на Исуса, Синот на живиот Бог. Он е тој кого Исуса го научил да зборува и да се обраќа на Бога со зборот „Abba“ што значи „Татко“. Во одредена смисла, свети Јосиф го научил Исус како да се користи со човечките зборови за да му зборува на небесниот Отец – а тоа е молитвата. Така, ако свети Јосиф го научил Исуса како да се моли, колку ли само може на нас во тоа да ни помогне ако го замолиме. Започнете веднаш: Свети Јосифе, научи ме да се молам!
- Храброст и зрелост. Во општетсво во кое што сѐ повеќе мажи ги избегнуваат своите должности кон своите жени, децата и семејството, додека се соочени со тешкотии, се свртуваат кон пороци и удобниот живот, свети Јосиф се истакнува како пример за храброст и сила. Тој пропатувал голема оддалеченост по студот и ветровите, а на крајот доживува и отфрлање. Пронашол засолниште во штала – за во неа да се роди Исус. Станал рано наутро и бега во Египет за да го спаси малиот Исус од злото и убиствените закани на царот Ирод. Соочен со многу потешкотии, стоел исправен и ги надминува сите пречки со машка храброст. Нека денешните мажи го подигнат погледот кон нежниот, но храбар Божји човек – добриот свети Јосиф!
- Грижливост и заштита. Свети Јосиф го заштитувал и се грижил за Светото Семејство. Бил вистински работник – го научил занаетот за столар. Заработувал за леб со пот на своето лице. Мислел не само на себе, туку и како најдобро да се грижи и да го заштитува своето семејство кое Бог му го доверил. Како што се приближуваме до Божиќ, да го замолиме добриот свети Јосиф да се погрижи и да ги заштити нашите духовни животи. Материјализмот, потрошувачката, хедонизмот и добрата од сегашната култура – тие работи ја гушат духовноста. Молитвите на светиот Јосиф можат да ни помогнат да гледаме подалеку од купувањето, имотот и поседувањето. Тој може да ни помогне за да сфатиме дека вистинската среќа и радост не доаѓаат од тоа да имаме работи (стока), туку да го имаме Бога. Повредно е да го држиме малиот Исус во рацете и во срцата, отколку нашите пари и богатството од овој свет. Добриот свети Јосиф може да нѐ научи на оваа едноставна, а многу вредна лекција!
- Свети Јосиф, нашата Богородица и Исус. За да дојдеме до вистинската и автентична побожност кон Марија, добриот свети Јосиф може да ни послужи како сигурен мост. Освен самиот Исус, никој на земјата не ја познавал, разбирал, негувал и сакал Блажена Дева Марија повеќе од добриот свети Јосиф. Обратете му се на свети Јосиф и молете го за милост за поголемо познавање и љубов кон Марија, неговата сакана сопруга. Вашата побожност кон Марија ќе се подигне на едно повисоко ниво! Потоа обратете се на свети Јосиф и молете го за поблиску познавање на Исуса за да го сакате со уште поголем жар и да го следите што поблиску. Освен Марија, никој на земјата не го познава Исуса подобро од светиот Јосиф. Светото Семејство е целосно само тогаш кога сите три членови се препознаени, почитувани и сакани.
Нека молитвите на светиот Јосиф ги отворат вашите срца за неизмерното богатство кое Бог го подготвил за вас во овој Божиќен пост! Нека Исус се роди во длабочината на вашето срце на овој Божиќ!
Млади католици/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од р,едакцијата на Католици.мк