Петта постојка
Симеон Киринеец му помага на Исус во носењето на крстот
Ти се поклонуваме ,о,Исусе и Те славиме зашто со својот крст го спаси светот!
Да погледнеме во Исус. Не е сам. И најтврдото срце на мачителот во некој момент станува меко. Гледајќи дека е исцрпен и дека не може повеќе да го носи крстот, „го присилија Симеона да му помогне во носењето на крстот“. Чуден е тој збор присилување. Но уште повеќе чуден е фактот што Исус ја прифати помошта од тој странец и го обдарува со своето пријателство. Со својата благодарност. Обичен човек станува Богопомагател. Колку е тоа убаво „на Бог да му помогнеш“. Еве, Исус нѐ повикува длабоко да се загледаме во оваа таинство на неговиот живот.
Кога започна бракот, се чини дека сѐ било јасно. Многу желби, уште повеќе програма. Но, за кратко надојдоа потешкотии. Една по друга, како да се нарачани. Млади и полни со ентузијазам наеднаш застануваат. Се поставува за прв пат прашање: Можеме ли ние самите тоа да го решиме? Тогаш се јавува во животот на секое семејство голем Божји план дека целото човечко семејство е едно големо Божјо семејство и дека солидарноста е голем Божји проект, како луѓето помагајќи си меѓусебе, ќе изградат подобар свет, до таа полнота, како што Тој – Бог го замисли. Инаку, Бог сака луѓето да си помагаат да бидаат солидарни, да се дружаат и така да почувствуваат среќа дека само она го поседуваш што го споделуваш со другиот и дека само тоа имаш што на другиот му го даваш и дека само толку имаш право да бараш помош, колку што си му помогнал на другиот. Гетоизацијата во семејството, затворање во својот свет на самобендисаност, а посебно гордоста го одбива и Бога и човекот. Човекот, кој е самобендисан нема потреба ниту од Бог, ниту пак од човекот. Тоа е трагедија на времето каде се поделува општеството -индивидуализација. Христијанството е заедница во својата природа и Црквата е семејна заедница, бидејќи секое семејство е Црква, а заедницата е Божјиот народ. Кој е Симеон во нашето семејство? А кои сме ние на Симеон во неговото семејство? Тоа е прашање на нашето спасение и благослов на нашето семејство.
Да се помолиме
Боже, ти дозволи во светот кој го создаде му подари човек како заедничка куќа во која се довршува твоето создателско дело. Дај ни срце осетливо и будно, да ги препознаеме потребите на своите браќа и сестри и во вистинско време да помогнеме таму каде што се очитува твојата волја, каде се грижиш за човекот преку човекот. Ти благодариме за твојот син, кој тоа ни го покажа, прифаќајќи го понизност Симон. Преку Христос, нашиот Господ. Амин.
Оче наш….Радувај се Маријо…..Слава на Отецот…..
Помилуј нѐ Господи – Помилуј нѐ.