Песната за Христос му го спаси животот
Човечките мисли не се Божји мисли и човечките патишта не се Божји патишта, вели библиската мудрост, а за тоа докажува сведоштвото на кармелиќанецот Давид Џонсон од Америка.
Уште како младо момче Давид одлучил да замине од родното Колорадо во далечната Сирија за да студира арапски јазик, но во еден момент го почувствувал Божјиот повик и одлучил да пристапи во кармелиќанците.
Заради љубовта кон таа блискоисточна земја одлучил да пристапи во манастирската заедница на свети Јаков во Кари – град кој како и остатокот од Сирија бил мета на напади на исламистичките милитанти. Таму во понеделникот по Велигден 2012 година се случило нешто што ќе го памети цел живот.
Тој ден брат Давид се нашол на манастирска кула и здогледувајќи ги војниците пријателски им мавнал за да ги поздрави. Милитантите брзо се нашле пред манстирските врати за да дознаат кој им мавнал. Откривајќи дека станува збор за Американец го сместиле во комбето и го однеле во затвор мислејќи дека е странски шпион.
-Се прашувале што работам јас овде и зборуваа дека наверојатно глумам монах. Мојата заедница, наместо во паника веднаш заминала во црквата, молеле и славеле света Литургија. Бев во Божјите раце и не се плашев – раскажува брат Давид.
А тогаш се случи нешто неверојатно. Потполно смирен и исполнет со радост, започнал да пее воскресни песни и тоа на мајчинскиот јазик на своите заробувачи.
-Зборувале „Никогаш не сме слушнале нешто вакво, пеј ни повторно!“ – се присетува монахот додавајќи дека по почетното изненадување на лицата на војниците набрзо им се видело благост и љубопитност.
-И почнав повторно да пеам, „Христос воскресна од мртвите, со смрт смртта ја победи и на оние во гробовите живот им дарува.“
Војниците смеејќи се му ракоплескале и одлучиле да го вратат во неговиот манастир. Но, пред тоа бил однесен во нивниот камп за да го запознаат и другите „американскиот монах кој пее“.
-Ја отворија вратата и ми кажаа да пеам за воскресението. Сите ми ракоплескаа! Ми изгледаше како да сонувам, како да сум влегол во некоја друга реалност! – вели 34 годишниот кармелиќанец.
Иако познавањето на јазикот ми помогна, уверен е дека молитвата на неговите браќа и Христовото Име кој го повикал во песната му го спасиле животот. И затоа им советува на сите:
-Моли, моли, моли! Довери се на Неговата провидност!
Миодраг Војводиќ/Битно.нет/к.мк/Д.И.