Паљурци ги освојува срцата на верниците
Во недела 22 септември Паљурци повторно беше центар на црковните случувања на Црквата во Македонија. Традиционалниот молебен до Пресвета Богородица и оваа година се одржа на местото на кое треба да биде изградена новата Црква посветена на свети апостол Павле.
Молебенот го предводеше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, а присуствуваа свештеници и верници од сите парохии во Македонија.
Во својот говор пред присутните верници епископот Стојанов ја изрази надежта дека на ова место во скоро време ќе започне да се гради Црквата и затоа ги упатуваме нашите молитви, денес овде од ова место.
Паљурци полека но сигурно прераснува во вистинско поклоничко место за верниците во Македонија, а со тоа почнува да потсетува на времињата кога на ова место се молело деноноќно.
Паљурци ми е посебно мило место за молитва, тука го наоѓам својот мир и место каде што Пресвета Богородица Утешителка ги услишува моите молитви. Уште од првото мое поклонение на ова место почувствував дека е нешто посебно. Бидејќи ми е во близина овде доаѓам често, посебно кога сакам да молам од Богородица за некоја благодат. Затоа оваа година со мене ги доведов и своите блиски. Паљурци едноставно го освои моето срце – изјави по молебенот верничка од Богданци.
к.мк/го*ко