Парохијата Свети Иван Крстител – Струмица организираше Камп за деца

На 13 јуни 2016 година 27 деца од веронаучната група на парохијата Свети Иван Крстител – Струмица учествуваа на Детскиот камп под мотото „Да не се плаши срцето ваше“, кој се одржа во парохискиот двор. Кампот го предводеше о. Гоце Костов со помош на волонтери и одборниците од парохијата. На иницијатива на децата денот го поминаа без мобилни телефони и интернет.

Со молитва во 6.00 часот наутро во црквата започна кампот, а продолжи со работиници, игри, молитви, а во 18.00 часот децата присуствуваа и на света Литргија. Кампот заврши околу 22.00 часот со мала приредба, подговена од децата за време на работилниците, и со логорски оган во дворот на црквата.

Парохијата Свети Иван Крстител – Струмица секоја година организира Камп по завршувањето на веронаучната година за деца кои посетуваат веронаука.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот