Над 24.500 молитви „Радувај се, Маријо“ измолени во октомври во црквата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица
Во текот на октомври, месец посветен на Светата Бројаница, верниците од парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица секојдневно молеа Света Бројаница за различни накани на Црквата и верниците. Молитвата од црквата во живо се пренесуваше и преку Радио Марија, овозможувајќи вклучување и на слушателите од нивните домови.
Според бројот на присутните верници на молитвата се измолени повеќе од 24.500 молитви „Радувај се, Маријо“. Во оваа бројка не се вклучени слушателите на Радио Марија, кои молеа од своите домови.
Според претходно утврден редослед, молитвените накани беа посветени на потребите на Црквата, семејствата, младите, болните и осамените, за духовни звања, мир во светот, како и за други заеднички и лични потреби.
На крајот парохот о. Гоце Костов им се заблагодари на сите кои во текот на октомври истрајно учествуваа во молитвата, охрабрувајќи ги и понатаму редовно да ја молат Светата Бројаница во своите домови, во црквата, во радиото и преку Радио Марија, обединувајќи се во молитва за потребите на Црквата и верниците.
к.мк

