Парохискиот Каритас при парохијата „Свети Кирил и Методиј“ од Богданци на 31 октомври 2023 година реализираше уште една акција за лицата во потреба, донирајќи алишта на ЈУ Специјален завод – Демир Капија.
Парохиски Каритас изразува голема благодарност до сите оние кои донираа, посакувајќи Господ Бог да ги награди за нивната добрина – изјави отец Тома Ангелов, парох во Богданци.
Благодарение на жителите од Богданци и околните места континуирано со години наназад парохијата од Богданци донира користена облека на ЈУ Специјалниот завод – Демир Капија, но и на други установи и лица во потреба.
Акцијата на Парихискиот Каритас во Богданци за собирање на облека продолжува и во наредните месеци, а се со цел да им се помогне на оние кои се во потреба.
к.мк