Од 31 мај до 2 јуни 2019 година папата Фрањо ќе ја посети Романија, соопшти на 11 јанаури 2019 година ватиканскиот прес-центар.
„Прифаќајќи ја поканата од претседателот, државните власти и Католичката црква во Романија, Неговата Светост папата Фрањо ќе изврши Апостолска посета во Романија од 31 мај до 2 јуни 2019 – стои во соопштението. Светиот Отец ќе ги посети градовите Букурешт, Јаш и Блаж и Богородично светилиште Шумулеу Чук. Програмата за посетата ќе биде објавена покасно.
Мото и лого на посетата
Мотото на посетата е „Да одиме заедно” ( “Să mergem împreună”), Папата Фрањо во Романија”. Божјиот народ во Романија е под заштита на Пресвета Богородица. Романија често е нарекувана “градина на Божјата мајка”, израз важен за сите верници, користен и од свети Иван Павле II за време на неговата посета во 1999 година. Папата Фрањо го обновува Богородичниот повик за единство на сите сили под заштита на Богородица, како што истакнува и мотото „Ајде да одиме заедно”.
Светиот отец Фрањо постојано повикува кон обединување, за отфрлање на егоизмот и општото добро да има централно место. Наследникот на свети Петар оди во Романија да придонесе за единство и да ја зацврсти верата. Боите употребени во логото се потсетуваат на боите на националното знаме: сина, жолта и црвена боја.
Ватикан њуз/к.мк