Папата Фрањо: Семејството нека биде во центарот на Црквата и општеството

Папата Фрањо: Семејството нека биде во центарот на Црквата и општеството

Папата Фрањо во недела на 14 март 2021 година по завршување на молитвата Ангел Господов, потсети дека посебната година на семејството Amoris Laetitia започнува следниот петок и повика на „обновена и креативна пасторална ревност за да се постави семејството во центарот на Црквата и општеството“.

Следниот петок, 19 март, на празникот Свети Јосиф започнува Годината на семејството Amoris Laetitia: посебна година за раст во семејната љубов. Повикувам на обновена и креативна пасторална ревност за да го поставиме семејството во центарот на Црквата и општеството. Се молам секое семејство во својот дом да може да го почувствува живото присуство на семејството од Назарет, кое ќе ги исполни нашите мали локални заедници со искрена и дарежлива љубов, извор на радост и во искушенија и тешкотии, рече Папата.

Папата Фрањо на празникот на Светото Семејство, 27 декември минатата година најави година посветена за размислување и подлабоко проучување на содржината на Апостолскиот поттик Amoris Laetitia.

Годината ќе започне на празникот Свети Јосиф, 19 март оваа година, пет години по објавувањето на Апостолскиот поттик Amoris Laetitia и ќе заврши на 26 јуни 2022 година по повод 10. Светската средба на семејствата. Посебната година посветена на семејството е поттикната од идеалот на брачна и семејна љубов олицетворена во Исус.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот