По повод 50 годишнината од основањето на Заедницата свети Егидиј, папата Фрањо ќе ја посети оваа заедница во недела 11 март, во попладневните часови – објави Канцеларијата за печат при Светиот Престол.
Примајќи ја веста спомнатата заедница испрати соопштение во кое се заблагодарува и ја очекува средбата со многу наклонетост и благодарност. Според информациите кои се објавени, Папата ќе се обрати на заедницата со говор и ќе ја предводи Службата на Словото.
Во рамките на тој настан Светиот Отец ќе има можност за уште една средба – стои во соопштението – со „луѓе од Свети Егидиј“ започнувајќи од Андре Рикарди, кој пред 50 години го започна патот на оваа заедница во Рим, со претставништва кои потоа се основани во Италија и во светот, со млади и сиромашни, пријатели на заедницата, меѓу кои се и бегалците кои пристигнаа преку хуманитарните коридори, потоа стари лица, деца од „Училиштето за мир“, лица со попреченост, како и бездомници, на кои им се дава помош посебно во овие студени денови – стои во соопштението од Заедницата на свети Егидиј.
РВ/к.мк