Папата ќе ја посети Аргентина во 2016 година

Според локални аргентински медиуми, Аргентинската влада официјално ја потврди посетата на папата Фрањо на Аргентина за 2016 година. Аргентинскиот амбасадор при Светата Столица, Хуан Пабло Кафиеро за Радио Дел Плата во вторник 18 февруари изјави: „Во 2016 се предвидува посета на Папата во Аргентина.“ Според најавите тој треба да учествува на Евхарискиот конгрес во градот Туцуман. Друга причина за посетата на Аргентина е 200 годишнината од независноста на таа земја.

Во првата година од понтификатот папата Фрањо презема само едно Пасторално патување во странство, по повод Светскиот ден на млади во Рио де Жанеиро. Во 2014 година најверојатно Папата ќе преземе две патувања во странство и тоа кон крајот на мај во Светата Земја, како и во југоисточна Азија кон крајот на летото.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот