Папата ќе се сретне со претседателот Перес и принцот од Јордан Хасан бин Талал

Канцеларијата за печат при Светата Столица на 1 септември 2014 година најави нова средба на папата Фрањо и поранешниот израелски претседател Шимон Перес. Средбата ќе се одржи на 4 септември, скоро три месеци после важната мировна средба на Светиот Отец со Перес, претседателот на Палестина Абу Махмуд Абас и Цариградскиот екуменски патријарх Вартоломеј I.

Веднаш после средбата со претседателот Перес, папата Фрањо ќе го прими и принцот од Јордан Ел Хасан бин Талал.

Принцот Хасан бин Талал, член на владејачката куќа во Јордан е важен соговорник на Светиот Престол со муслиманскиот свет. Тој важи за еден од водечките соговорници во дијалогот меѓу христијаните и муслиманите.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот