Папата ја прими премиерката на Романија

Папата ја прими премиерката на Романија

Папата Фрањо на 11 мај 2018 година во аудиенција ја прими премиерката на Романија Виорица Данчила, која потоа се сретна и со Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин, како и со секретарот за односи со државите, надбискупот Паул Ричард Галагер – стои во соопштението од Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

За време на срдечниот разговор Папата и романската премиерка ги истакнаа добрите билатерални односи помеѓу Светиот Престол и Романија, како и преземените чекори за поттикнување на соработката на образовно поле. Исто така спомнаа некои актуелни прашања, вклучувајќи ја важноста за единство во романското општество за остварување на општо добро. На крајот разговараа и за некои перспективи за иднината на европскиот проект, како и во поглед на претседателството со Советот на Европската унија, кое Романија ќе го преземе во првата половина на 2019 година.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот