Папата ја прими делегацијата на римската еврејска заедница

Папата Фрањо на 11 октомври во салата на Апостолската палата ја прими во аудиенција делегацијата на еврејската заедница на градот Рим по повод 70 годишнината од депортацијата на римските Евреи (16 октомври 1943 – 16 октомври 2013).

Делегацијата ја предводеше главниот римски рабин д-р Рикардо Сењи. Како римски бискуп, рече Папата, ја доживувам еврејската заедница некако посебно блиска: знам дека таа, со повеќе од две илјади години долга непрекината присутност, може да се пофали дека е најстара во Западна Европа. Осврнувајќи се на историјата на односите помеѓу еврејската заедница и Црквата во Рим, Папата забележи како тие односи често низ историјата биле проткаени со недоразбирања, па и автентични неправди, но во последните децении дојде до продлабочување на пријателските и братски односи. Кон таа промена на менталитетот сигурно придонесе, од католичка страна, размислувањето на Вториот Ватикански собор, меѓутоа еднакво голем придонес со својот живот и делување дадоа мудри и великодушни припадници на двете страни кои беа способни да го препознаат Господовиот повик и храбро да тргнат кон нови патишта на средби и дијалози.

Потсетувајќи дека за неколку дена ќе се одбележи 70 годишнината од депортацијата на римските Евреи, Светиот Отец рече дека при таа пригода ќе си спомне и ќе се моли за многуте невини жртви на човечката суровост како и за нивните семејства. Тоа ќе биде исто така можност да го сочуваме своето внимание будно никогаш повеќе да не се појават, под било каков изговор, облици на неподносливост и антисемитизам, во Рим и во остатокот на светот, рече Папата и уште еднаш повтори како е противречно за еден христијанин да биде антисемит. Нека се изгони антисемитизмот од срцата и животите на секој маж и жена – истакна Папата.

 Притоа потсети како во мрачните времиња на Втората светска војна христијанските заедници на градот Рим помагаа на своите еврејски браќа во неволја. Знаеме дека многу монашки заводи, манастири па и самите папски базилики, одговарајќи на папските повици, ги отворија своите врати за братско прифаќање и дека многу обични верници даваа помош која можеа да ја дадат, било мала или голема, истакна Папата. Важно е двете страни да го продлабочат теолошкото размислување преку дијалог, меѓутоа еднакво важно е да постои еден жив дијалог кој постанува секојдневно искуство. Уште повеќе што без неа, беа таа вистинска и конкретна култура на средба, која доведува до автентични односи, без предрасуди и сомнежи, малку би за што служело заземањето на интелектуалното поле, истакна Папата во своето обраќање.

С.С.

Категорија: Ватикан

За авторот