Папата ја прими во аудиенција екипата на фудбалскиот клуб Баерн Минхен

Пред Генералната аудиенција во среда 22 октомври 2014 година папата Фрањо ја прими во посебна аудиенција екипата на фудбалскиот клуб Баерн од Минхен. Фудбалскиот клуб му подари на Светиот Отец финансиски средства за неговите добротворни цели. Подарените средства се од пријателски натпревар. По тој повод на симболичен начин претседателот на клубот Карл Хајнц Румениге на папата Фрањо му подари фудбалска топка.

Во вторник вечерта во Рим фудбалскиот клуб Баерн извојува победа од 7:1 против рисмкиот клуб Рома, во рамките на Лига на шампионите. За време на натпреварот на Олимпискиот стадион можеше да се види и архиепископот Георг Гензвајн, префект на Папскиот дом и секретар на почесниот папа Бенедикт XVI.

к.мк/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот