Папата ја предводеше Вечерната во катедралата во Асунсион

„Никој не може да Го имитира Исус Христос во целост, сите имаме свои ограничувања“: ова го истакна папата Фрањо пред илјадници членови на Парагвајскиот клер – свештеници, монахињи, богопосветени лица, семинаристи и лаици вклучени во католичките движења.

Со нив Светиот Отец служеше Вечерна во саботата, во катедралата во Асунсион.

Во словото папата Фрањо стави акцент на молитвата: „Молитвата ни дава импулс за нашите активности и за нашата проверка за она што се вели во псалмите:„ние сме во рацете на Бог, кој „низ правот го крева сиромашниот“ (Псалам 112). „Молитвата е одраз на нашата љубов кон Бога, кон ближните и кон целото битие; Божјата заповед за љубовта е најдобра комбинација на мисионер ученик со Исус“, рече Папата. „Убавината на црковната заедница се раѓа од личната припадност кон Исус, формирајќи еден „збир на верски звања“ со богатството од нивната хармонична различност“.

„Сите имаме ограничувања и никој не може да Го имитира Исус Христос во целост, иако секое религиозно звање се идентификува со некои аспекти од животот и делата на Исус“, истакна Папата. „Признание од Бог не се бара, не се бара признание ниту звучни аплаузи; не се чувствува од повисока категорија. Тоа е карактеристика на секое христијанско звање“.

На крајот Папата ги повика сите на црковна соработка: „Ако поделбата меѓу нас создава неплодност, несомнено од заедништвото и хармонијата се раѓа плодност, бидејќи тие се во склад со Светиот Дух“. Приматот на Христос е „да нѐ направи совршени како Великиот Пастир на овците“ (Eвреи 13. 20-21), што значи дека секој богопосветен се препознава во Оној, кој во својот земен живот, „со силен вик и солзи, молби и молитви го достигна совршенството преку страдањето, што значи послушност, а тоа е дел од нашето звање“.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот