Папата ја посети римската парохија „Св. Павле од Крстот“

Папата ја посети римската парохија „Св. Павле од Крстот“

Да ја бараме благодатта за да веруваме дека Христос е жив, дека воскресна – е молитвата на папата Фрањо од проповедта на светата Литургија која ја служеше во римската парохија „Св. Павле од Крстот.“

Во центарот на квартот Корвијале, на периферијата на Рим, тие зборови на Папата примија посебно значање меѓу населението на тој дел од градот во кој доминира станбената зграда во облик на змија, долга еден километар. Тој дел на градот често се поврзува со неволји, деликвенција, сиромаштво – објасни парохот дон Роберто Касано.

Пуштете ја во срцето „Христовата вистина“

Во тешкотиите на секојдневниот живот, папата Фрањо ги поттикна парохјаните да дозволат во нивното срце да влезе Христовата вистина. Размислувајќи за неделните литургиски читања и за Евангелието според Лука во кое сè уште се чувствува воскресната радост заради Исусовото воскресение, Папата потсети дека учениците кога го виделе Исус по воскресението се сомневале затоа што таа вистина сè уште не била влезена во нивното срце. Помалку е опасно – рече Светиот Отец – да имаш некоја вистина во мислите отколку да ја имаш во срцето.

Заради радоста тие не можеле да веруваат, но на крајот поверувале – рече Папата. И таа е обновената младост која Господ им ја дарува. Навикнати сме да остареме со гревот… Гревот секогаш го старее срцето – истакна Папата. Твоето срце го прави тврдо, старо, уморно. Гревот го изморува срцето, и така помалку ја губиме верата во воскреснатиот Христос. (Би можеле да помислиме:) Тоа би било голема радост… Да, жив е, но на Небото е заради својата работа… – рече Папата и истакна: Но неговата работа сме ние! Секој од нас!

Силата на воскреснатиот Исус

На спроти нашиот грев кај Отецот имаме застапник – рече потоа папата Фрањо. Не плашете се, Тој простува. Тој нè обновува. Гревот нè прави стари, но Исус воскреснатиот, живиот, Он нè обновува. Тоа е силата на воскреснатиот Исус. Кога пристапуваме на светата Тајна Покајание, тоа е заради тоа за да бидеме обновени, подмладени. А тоа го прави воскреснатиот Исус – истакна Папата.

Средба со оние кои стрдаат

Нашата вистинска радост е Христовата победа над смртта, Христовата победа над гревот. Да молиме од Господ милост таа радост да нè не спречи да веруваме; милост за да го допреме воскреснатиот Исус. Да го допреме сретнувајќи го во молитвата; сретнувајќи Го по пат на светите Тајни; сретнувајќи се со неговата прошка која е обновената младост на Црквата; среќавајќи се со болните кога ги посетуваме, со затворениците, со оние во потреба, со децата и старите луѓе.

Ако почувствуваме желба за да направиме нешто добро, тоа е Исус Кој нè поттикнува на тоа – рече Папата и додаде: Секогаш радоста е таа која нè прави млади. Да молиме за милоста да бидеме радосна заедница – рече папата Фрањо и поздравувајќи ги на крајот сите собрани рече дека сите сме си потребни едни на други. А таа е причината заедно да одиме напред.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот