На годишнината од посветувањето на базиликата „Света Марија Велика“ во Рим, на 5 август на празникот Богородица Снежна, папата Фрањо се помоли пред иконата „Спасение на римскиот народ“ (Salus Populi Romani)
Годишнината од посветата на Папската базилика е одбележана со повеќе настани, а централен беше благодарната света Литургија во утринските часови, која ја предводеше архипрезвитерот на базиликата кардинал Станислав Рилко. Папата ја посети базиликата во попладневните часови и кратко се помоли пред иконата „Спасение на римскиот народ“. Светиот Отец ова го прави пред и после секое негово патување, а пред иконата се молеше и за крај на пандемијата со коронавирусот.
Празникот Богородица Снежна е споменден за посветата на базиликата „Света Марија Велика“ и се поврзува со преданието од 13. век според кое Богородица во ноќта на 3 август се објавила на папата Ливериј и римскиот благородник Иван и им кажал во нејзина чест да изградат црква на она место каде што ќе падне снег. Папата на римскиот рид Есквилина ја одбележал црквата во снегот, каде што подоцна е изградена базиликата. Најстариот лик на Богородица Снежна се наоѓа на мозаик во таа црква. Црквата е посветена на 5 август 432 година.
Ватикан њуз/к.мк