Папата ја прими делегацијата од универзитетот „Виланова“

Папата ја прими делегацијата од универзитетот „Виланова“

На 14 април 2018 година, папата Фрањо прими во аудиенција 70 раководители и управители на американскиот универзитет „Виланова“ во Филаделфија кои овие денови се собрани во Рим на средба.

Универзитетот е наречен според свети Тома од Виланова шпански надбискуп и августинец, а основан е во 1842 година од августинците, што тој универзитет го прави најстар католички универзитет во сојузната држава Пенсилванија.

Како наследници на големата августинска традиција на учењето вдахнато од потграгата за божествената мудрост, вашиот универзитет е основан за да го сочува и предава богатството на католичката традиција на новите генерации студенти, кои како младиот Августин ја бараат вистинската смисла и вредноста на вистинскиот живот – истакна Папата. Мојата надеж е универизтетот „Виланова“ во секој аспект од својот живот и послание да е упорен во своите напори да ги соопштува интелектуалните, духовните и моралните вредности кои ќе им овозможат на младите мудро и одговорно да учествуваат во големите дебати, обликувајќи ја иднината на општеството – рече Светиот Отец.

Папата Фрањо нагласи дека еден итен аспект на таа обрзовна задача е равојот на општа „католичка“ визија за единство на нашето човечко семејство и посветеност на делотворната солидарност која е неопходна во борбата против сериозната нееднаквост и неправда кои го карактеризираат денешниот свет. Универзитетите по својата природа се повикани да бидат работилници на дијалогот и средба во служба на вистината, правдата и одбраната на човечкото достоинство на секое ниво – рече Папата и додаде: Тоа е посебно вистинско кога станува збор за католичките институции како вашата која придонесува за црковно послание на промовирање на автентичен и интегрален раст на човечкото семејство кон конечната полнота во Бог.

Никој подобро од свети Августин не го познавал немирот на човечкото срце додека не го пронајде мирот во Бог кој нам во Исус Христос ни ја открива најдлабоката вистина за нашиот живот и нашата конечна судбина. Нека овие денови размислувањата, расправите и средбите ве утврдат во вашата посветеност на посланието на универзитетот во служба на вистината, која нè ослободува (Иван 8, 32) – заврши Светиот Отец и ги препорача присутните и нивните семејства и целиот универзитет „Виланова“ на молитвите на свети Августин и света Моника, доделувајќи им апостолски благослов.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот