Папата: Хуманитарните организации се семе на надеж во ДР Конго

Папата: Хуманитарните организации се семе на надеж во ДР Конго

Папата Фрањо го заврши вториот ден од своето Апостолско патување во Демократска Република Конго со средби со претставници од неколку хуманитарнни организации во Киншаса и им се заблагодари за нивната скапоцена работа за најранливите.

Обраќајќи им се на група претставници на неколку хуманитарни организации во Апостолската нунцијатура во Киншаса, во среда 1 февруарии 2023 година, папата Фрањо ја пофали нивната работа која, како што рече, е како шума која тивко расте и дава плод, среде „шумот“ на актуелното насилство и неправда .

На средбата присуствуваа претставници на организациите и корисници кои ги опишаа своите искуства и ги презентираа своите активности во областа на здравството, образованието и човечкиот развој за сиромашните и маргинализираните.

Меѓу нив е DREAM центарот на Заедницата Свети Егидиј, здружението Фаста, хуманитарна организација со седиште во Аргентина, чија цел е социјална промоција и вклучување на маргинализираните луѓе преку интегрална формација и заедничко учество „Telema Ongenge“, локално здружение кое ги поддржува лицата со посебни потреби за подобрување на нивните услови за живот. Присутни беа и монахињите Трапистки на Пресвета Богородица од Мванда, во Киквит.

Пофалувајќи ја нивната работа папата Фрањо, забележа дека сведоштвата не укажуваат само на социјалните проблеми или статистиката за сиромаштијата, „туку уште поважно се зборува со љубов за сиромашните“, за луѓе „со имиња и лица“, на кои христијанин „не е го свртува грбот“.

На крајот, папата Фрањо ги благослови католичките хуманитарни организации во ДР Конго и уште еднаш им се заблагодари за нивната скапоцена работа: „Вие сте големо богатство“, рече на крајот Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот